Босанско-херцеговскиот актер Харис Бурина, кој беше познат по настапите во легендарната театарска претстава „Аудиција“, почина на 62-годишна возраст, објавија во средата локалните медиуми.
Бурина починал во болницата во Зеница во вторникот вечерта, а претходно му беше констатирано тешко заболување.
Тој беше еден од првите студенти на Академијата за сценски уметности во Сараево, а неговата кариера беше обележана со улоги во дваесетина филмови, телевизиски серии и театарски претстави.
Забележани се неговите улоги во филмовите „Татко на службен пат“ во режија на Емир Кустурица, „Кудуз“ на Адемир Кеновиќ, „Оди на запад“ на Ахмед Имамовиќ и „Нафака“ на Јасмин Дураковиќ.
Дел од кариерата ја оствари и во Франција, каде го основаше алтернативниот театар „La Fenêtreа“.
@ddikic26 Audicija 1991-part.1 #film #domacifilmovi #srbijafilm #kratkifilm #komedija #komedijabalkan #djekna #audicija #glumci #domaciglumci #jasmingeljo #zeljkonincic #zeljkokecojevic #sasapetrovic #mladennelevic #harisburina #borostjepanovic #emirhadzihafizbegovic #brankodjuricdjuro #emirkusturica ♬ original sound – ddikic26