Британскиот филмски и театарски актер Ијан Холм почина на 88-годинишна возраст, потврди неговиот агент. Холм веќе некое време боледувал од Паркинсонова болест.
Постарите генерации го паметат од култните филмски улоги во „Бразил“, „Осмиот патник“ и „Петтиот елемент“. Во неколкудецениската актерска кариера доби една номинација за „Оскар“, за улогата на атлетскиот тренер во „Огнени кочии“ во 1982 година.
Неговата последна улога беше Билбо Багинс во трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“.