Почина Анастасија Низамова Мухиќ, првенката на Македонската опера и балет

Во неделата македонската оперска сцена се прости од првенката на Македонската опера и балет Анастасија Низамова Мухиќ, оперската дива вљубеник во планините, почина на денот на кој се одбележува меѓународниот Ден на Планината со темата „
„Жените ги движат планините“.

Анастасија Низамова Мухиќ беше мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 година.

Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги од својот фах, во кои демонстрира музикалност и темперамент во сценската изведба. Позначајни улоги: Орфеј (Орфеј и Евридика), Керубин (Свадбата на Фигаро), Ацучена (Трубадур), Адалџиза (Норма), Амнерис (Аида), Кармен, Розина (Севилскиот бербер), Мадалена (Риголето), Улрика (Бал под маски), Ирена (Цар Самуил).

Настапувала и на концертниот подиум со соло-рецитали, во вокално-инструментални дела и во областа на забавната музика – како интерпретатор на џез-композиции и спиритуали. Гостувала во Канада, САД, Полска, Русија.