Почина јапонката Кејн Танака, најстарата личност во светот

Кејн Танака од Јапонија, кој официјално беше познатa како најстариот човек на светот, почина на 119-годишна возраст, потврдија денеска официјални лица.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година во градот Фукуока, а почина на 19 април 2022 година.
Таа беше запишана во Гинисовата книга на рекорди во март 2019 година како најстара личност во светот, а стана и најстарата личност во Јапонија во септември 2020 година, кога имаше 117 години и 261 ден.
До неодамна Танака, чиј живот се протегаше низ неколку јапонски царски епохи, беше во релативно добра здравствена состојба и живееше во дом за стари лица, каде уживаше во друштвени игри, решавајќи математички задачи, пиејќи газирани пијалоци и јадејќи чоколадо.
Како млада, таа водеше различни бизниси, вклучувајќи продавница за тестенини и продавница за колачи со ориз. Таа се омажила за Хидеа Танака пред еден век во 1922 година, родила четири деца и посвоила петто.
Планираше да користи инвалидска количка за да учествува на церемонијата на носење факел на Олимписките игри во Токио во 2021 година, но глобалната пандемија Ковида-19 ја спречи да го стори тоа.
Кога Гинисовата книга на рекорди ја препозна како најстарата жива личност, ја прашале во кој момент е најсреќна во животот. Нејзиниот одговор беше: „Сега“.
Нејзината дневна рутина потоа била опишана како будење во 6 часот наутро, а попладнето го поминувала учејќи математика и вежбајќи калиграфија.
– Една од омилените занимации и беше играта Отело и стана експерт за класични игри на табла, често тепајќи го персоналот дома – изјавија од Гинис.
Најстарата жива личност потврдена од Гинис беше Французинката Жан Луиз Калмент, која почина на возраст од 122 години и 164 дена во 1997 година.