Почина австралискиот крикет играч кој беше погоден во глава со топче

Австралискиот крикет играч Фил Хјуз (25) кој во вторникот заработи сериозна повреда, откако беше погоден со топче во главата, утринава почина во болница.

Мајкл Кларк, капитен на тимот каде Фил Хјуз настапуваше, во солзи им се обрати на медиумите и ја соопшти тажната вест.

Хјуз, врз кого била извршена операција, два дена бил во критична состојба, а утринава им подлегнал на повредите.