Почина Беба Селимовиќ, икона на босанската севдалинка

Пејачката Изета Беба Селимовиќ, која важепе за една од најдобрите интерпретаторки на традиционалните босанскохерцеговски песни севдалинки, починала во Сараево во 82-та година од животот, соопштило во вторникот нејзиното семејство.

„На најдобар начин го збогати и сочува нашето нематеријално богатство, а тоа е севдалинката. Како граѓанин велам дека нејзиното заминување е голема загуба на нашата културна сцена“, изјавил за агенцијата Fena, сопругот Џевад Шабанагиќ, виолинист на Сараевската филхармонија.

Беба Селимовиќ е родена во Требиње 1939 година, а ако девојченце со родители се доселила во Сараево. Пејачката кариера ја започнала уште во 1957 година со настапи на тогашното Радио Сараево.

Во текот на кариерата за тогашната дискографска куќа „Југотен“ сними четири студиски и три компилациски албума, а последниот од нив беше 1988 година. Со настапите престана во 2005 година, а ја следеше репутација на повлечена личност за која никогаш не се врзувале скандали.