Голманот на Серкл Бриж, Мигуел Ван Дам, почина на 28-годишна возраст по боледување од леукемија, соопшти во вторникот белгискиот прволигаш.
Својата осумгодишна професионална кариера Ван Дам ја мина во Серкл Бриж, но борбата со канцерот го ограничи на помалку од 50 настапи за клубот.
На Ван Дам леукемијата му беше дијагностицирана во текот на рутински лекарски преглед во 2016 година, закрепна од првиот напад на болеста и одигра уште пет натпревари во текот на следните четири години, пред во јануаро 2020 година да доживее рацидив. Во септември 2020 година соопшти дека лекувањето повеќе нема да има ефекти.
„Зборовите не се доволни да го опишеме она што го чувствуваме, иако знаевне дека работите не одат добри веќе извесно време. Денеска е извонредмо тежок ден во речиси 123-годишната историја на Серкл Бриж“, објави клубот.