Почина човекот кој вчера беше запален од син му во Сараево

Болницата во Сараево потврди дека починал човекот, кој беше запален од син му во текот на вчерашниот ден.

Синот Ј.Е. (35) бил уапсен синоќа, откако избегал од домот, додека таткото заработил изгореници на повеќе од 70 отсто од телото, па заврши на пластична хирургија.

Докторите се обидоа да му го спасат животот, но едноставно спас за несреќниот маж немало.