
На 74-годишна возраст почина легендата на хрватската и ексјугословенската кошарка, Дамир Шолман.
Шолман уште е најдобар стрелец во историјата на трикратниот европски првак, сплитска Југопластика, а со репрезентацијата на некогашна Југославија, во 70-тите години од минатиот век освојуваше само златни и сребрени медали од големите натпреварувања.
Беше член на славната генерација која во 1970 година првпат стана светски првак, двапати беше европски првак со Југославија, а освои и две олимписки сребра и две злата од Медитерански игри.
Шолман имаше одличен шут, и ако постоеја тројки во тоа време, неговиот број на поени во кариерата ќе беше поголем. Беше и миленик на понежниот пол, никогаш не доби техничка лична грешка. Вистински господин.