Данскиот карикатурист Курт Вестрергард, кој стана светски познат по карикатурата на пророкот Мухамед којашто предизвија безредија во муслиманските земји и муслиманите воопшто во светот, почина на возраст од 86 години, пренесуваат во неделата данските медиуми повикувајќи се на неговото семејство.
Вестергард умрел по долго боледување, соопштило семејството, пренесува весникот Berlingske.
Илустраторот беше на најпоснатите од 12-те карикатури објавени на 20-ти јуни 2005 година во данскиот конзервативен дневен весник Jyllands-Posten под насловот „Лицето на Мухамед“, на којашто пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.
Карикатируите во првиот момент минаа незабележано, но по 15 дена беше одржан протесто во данската престолнина Копенхаген, а потоа протестираа и амбасадорите на муслиманските земји во Данска.
Поттикнати од забраната за какво и да е изобразување на ликот на пророкот Мухамед, според муслиманската религиска традиција, еруптираше гневот со антидански протести и насилства во муслиманскиот свет во февруари 2006 година.
Вестергард работел во Jyllands-Posten од средината на 80-те години на минатиот век како илустратор, и според Berlingske, спорниот цртеж претходно веќе бил отпечатен, но без да предизвика речиси никакви полемики.
Во текот на последните години од својот живот, Вестергард, како и многу други автори на случни сатирични карикаторуи, мораше да живее под постојана полициска заштита и на тајна адреса.
На почетокот од 2010 година данската полиција уапси 28-годишен Сомалиеца вооружен со нож во куќата на Вестергард, кој планирал да го убие карикатуристот.
Насилствата поврзани со ваквите карикатури кулминираа во 2015 година во текот на атентатот врз редакцијата на претходно малкутриашниот радикално левичарски сатиристички неделник Charlie Hebdo кога беа убиени 12 новинари и соработници. Весникот претјодно во 2012 година повторни ги објави карикатураите и се оглушуваше на заканите и предупредувањата кои ги добиваше уште до 2006 година кога ги препечатои карикатурите во Jyllands-Posten.