Дејвид Сајдлер, најпознат по сценариото за „Говорот на кралот“ за кое беше награден со Оскар, почина на 86-годишна возраст, објави во понеделникот BBC.
Сценаристот роден во Лондон на големото платно ја пренесе вистинската приказна за тоа како британскиот крал Џорџ Шест ја надминал говорната мана. Сајдлер, кој самиот пелтечеше, го посвети својот Оскар од 2011 година на „сите пелтечи во светот“. Филмот „Говорот на кралот“ освои четири Оскари таа година, а еден му припадна на актерот Колин Фирт, кој го толкуваше кралот.
Во февруари 2011 година, Сајдлер освои две награди БАФТА, а во септември истата година ја доби наградата Хуманитас за неговата работа. „Пишував за себе“, рече Зајдлер во интервју за BBC таа година.
Менаџерот на Сејдлер, Џеф Агаси, потврди дека сценаристот починал во саботата.
„Дејвид беше на местото што најмногу го сакаше во светот, Нов Зеланд, правејќи го она што му даваше најголем мир, а тоа беше риболов на мишички“, рече Агаси.
Неговото сценарио за „Говорот на кралот“ ја раскажа вистинитата приказна за кралот Џорџ Шести кого го толкуваше Колин Фирт кој го надмина пелтечењето со помош на австралискиот терапевт за говор Лајонел Лог кого го играше Џефри Раш. Кога братот на Џорџ абдицираше од тронот во 1936 Лог му помогна на кралот да се подготви за неговото прво обраќање на нацијата преку радио кога почна Втората светска војна.
Мотивот да го напише ова сценарио на Сајдлер беше неговото лично искуство со пелтечењето како дете. Тој доби Оскар за оригинално сценарио во 2011, заедно со Оскар за најдобра машка улога на Колин Фирт, најдобра режија за Том Хупер и филм на годината.
Девид Сајдлер напиша сценарија за многу филмови, лимитирани серии и документарци.