
Визионерот и творец на модерната НБА лига, на чие чело беше од 1984 до 2014 година и темелно ја промени, почина во средата на 77 годишна возраст, три седмици откако доживеа мозочен удар, објави раководството на најсилната кошаркарска лига на светот.
„Дејвид Штерн почина денеска попладне од последици на излив на крв во мозокот кој го доживеа пред три седмици“, се наведува во соопштението на НВА лигата.
„Ми беше ментор и еден од моите драги пријатели. Благодарејќи на Дејвид, НБА стана глобален бренд, со што тој не е само еден од најголемите спортски работници, туку и еден од највлијателните економски лидери на својата генерација“, изјави актуелниот комесар на лигата, Адам Силвер, кој го наследи Штерн во 2014 година.
Дејвид Штерн доживеа мозочен удар на 12-ти декември во ресторан во Њујорк, и беше хоспитализиран во болница во тешка состојба.
Во текот на 30-те години, Штерн како комесар направи огромни промени во НБА правејќи од лигата светски спортски, но и финансиски бренд. Во неговиот период НБА лигата ја зголеми добивката за 30 пати и доживеа во прв ред огромна телевизска експанзија.
Штерн воведе разни новини, вклучително и правилот за допинг, ограничување на вредноста на договорите на играчите и клубовите, како и правилата за облекување.
„Дејвид Штерн бепе најважниот ‘неиграч и нетренер’ кој кога и да е минал низ НБА лигата и никој не може ниту да му се приближи“, рече Бил Сајмонс, автор на книгата „The Book of Basketball: The NBA“.