Еден од најопасните американски хакери во XX век, кој по излегувањето од затворот стана експерт по информатичка безбедност, Кевин Митник, почина на 59-годишна возраст во Лас Вегас, објави во четвртокот весникот The New York Times.
Според информацијата, причина за смртта на Митник, кој инаку починал на 16-ти јули, биле повеќекратни компликации предизвикани од рак на панкреасот. Тој бил лекуван во Медицинскиот центар на Универзитетот ви Питсбург, откако болеста му била дијагностицирана пред една година.
Митник имаше бројни судирања со законот во САД и стана првиот хакер кој се најде на листата на најбарани сајбер криминалци на Федералното биро за истраги (FBI). Весникот The Washington Post нагласува дека на почетокот на ерата на сеприсутноста на интернетот, тој успеал да ги хакира компјутерските системи на тоггашните технолошко-комуникациски гиганти како „Motorola“, „Nokia“ и „Sun Microsystems“, нанесувајќи им милионски штети
Во 1990-те години Митник украл илјадници датотеки со податоци за крединитете картички на корисници од компјутери ширум САД, при што нанесувајќи тешки штети на бројни компјутерски системи и телефонски мрежи.
Поради тоа, американските разузнавачи тогаш го нарекоа Митник „најбараниот компјутерски хакер во светот“. Во 1995 година, две години откако беше ставен на списокот на најбараните лица на Федералното биро за истраги (FBI), агентите на Бирото го уапсија во Северна Каролина во текот на рација под обвинение за нелегална употреба на уред за телефонски пристап и компјутерска измама, со што заврши неговото повеќе од двегодишното бегство. Во 1999 година, Митник се изјасни за виновен по неколку точки од обвинението за интернет измама и други сајбер криминали. Потоа беше осуден на пет до десет години затвор, но потоа ослободен во 2000 година.
Во 1998 година, група негови поддржувачи ја преземаа контрилата на мрежаната страница токму на весникот The New York Times, принудувајќи го уредништвото да ја затвори.
Во ноември 2011 година, Кевин Митник стана главен експерт за хакерски напади и косопственик на „KnowBe4“, американска компанија за обука на специјалисти во областа на кибернетичката безбедност.