Почина еден од најпознатите скопски бербери, кај него одеа многу спортисти, актери и политичари (ФОТО)

На 38-годишна возраст почина еден од најпознатите и најомилени скопски бербери – Џеваир Јакупи или познат како Џеки.

Уште утрово социјалните мрежи се преплавени со фотографии во знак на сочуство за прерано починатиот Џеки.

Низ неговите берберски раце поминале многу познати личности од нашата јавна сцена, а негов најредовен „муштерија“ беше кошаркарот Перо Антиќ, ракометарот Кире Лазаров, многу политичари, бизнисмени, актери…

Џеки беше познат и по тоа што во неговиот берберски салон работеа луѓе од различни нации и вероисповеди и токму поради тоа беше еден од омилените салони за потстрижување на многу луѓе…

Џеки позади себе ја остави сопругата и нивните три малолетни ќерки…