Почина една од најпознатите црногорски актерки на 47 години

Актерката, продуцентка и истакнат уметник од Црна Гора, Ивана Мрваљевиќ почина денеска на 47-годишна возраст, пишува порталот Аналитика.

Како што се наведува, таа била една од најважните црногорски актерки на сите времиња.

Родена е 1976 година во Цетиње, а во родниот град дипломирала на Факултетот за драмски уметности во 1999 година. Била и член на ансамблот на Градскиот театар, па подоцна магистрирала продукција во Торино.

Ивана уште во студентските денови оствари неколку улоги, а најзначајните, како во театарот, така и на филмот и на ТВ, следеа во следните децении.

Била директорка на Градскиот театар во Подгорица од 2012 до 2016 година.