Почина едно лице и 109 новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19. Дваесет новозаболени има во Скопје, во Куманово 16, 13 во Штип, еден во Прилеп, тројца во Тетово, по двајца во Струга и во Охрид, Велес 4, Битола 1, 15 во Кавадарци, десет во Гостивар, по еден во Гевгелија, Неготино и Демир Хисар, по двајца во Радовиш и во Македонски Брод, тројца во Виница, пет во Свети Николе и седум во Кичево, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти, од кои 173 се од Скопје.

Почината е 70-годишна пациентка од Скопје во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.