Џек Сони, гитаристот на легендарните Dire Straits, почина на 68-годишна возраст, објави бендот на платформата Х.
Сони со години свиреше во Dire Straits Legacy, група музичари кои некогаш беа дел од бендот на Dire Straits. Во вторикот на социјалните мрежи беше објавено дека Сони нема да може да настапи со нив поради лошото здравје.
Причината за смртта не е објавена, извести британскиот весник Mirror.
Сони, кој по потекло е од Пенсилванија, во 1978 година работел во продавницата „Rudy’s Music Stop“ во Њујорк, каде што ги запознал оснивачите на бендот Дејвид и Марк Нофлер, пишува Mirror.
Откако Дејвид и Хол Линдес го напуштиле бендот, браќата Нофлер го повикале Сони да им се придружи. Свиреше на снимањето на новиот најпознат албум „Brothers in Arms“ во 1984 година.
Свиреше и на турнејата на Dire Straits во 1985 година под наслов BIA, како и на легендарниот „Live Aid“ концерт на лондонски Вембли на 13-ти јули 1985 година, пишува во неговата биографија на direstraitsblog.