Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина откако итно беше префрлена во болница поради можен застој на срцето.
Ќерката на музичката икона Елвис Присли и Присила Присли, вчера итно била пренесена во болница, пренесува ТМЗ. Лиза била ставена во вештачка кома.
Веста за нејзината смрт пристигна неколку часа откако заврши во болница.
Извори за споменатиот медиум велат дека медицински тим ја реанимирал 54-годишната пејачка во нејзиниот дом во Калабасас пред да ја пренесат во болница.
Нејзината мајка, Присила Присли, ја потврди тажната вест за медиумите.
„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè напушти. Таа беше најстрасната, најсилната жена полна со љубов што некогаш сум ја запознала. Бараме приватност додека се обидуваме да справиме со оваа длабока загуба. Ви благодариме за вашата љубов и молитви. Во моментов нема да има дополнителни коментари“, рекла таа.
Инаку, Лиза во вторникот беше на доделувањето на Златните глобуси и изгледаше одлично.
Таа и нејзината мајка беа присутни на доделувањето на наградите за да го поддржат Остин Батлер, кој освои Глобус за улогата на кралот на рокенролот во филмот „Елвис“.
Присила имаше само пофални зборови за Остин Батлер, го нарече „навистина неверојатно“ неговото портретирање на Елвис Присли.
Лиза Мари Присли е родена во 1968 година и е сопственик на замокот на нејзиниот татко Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Таа имаше девет години кога Елвис почина од срцев удар во Грејсленд во 1977 година, на 42-годишна возраст.