![bekenbauerr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/bekenbauerr.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
На 78-годишна возраст денеска почина најголемиот играч во историјата на Германија, Франц Бекенбауер.
Бекенбауер, кој со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година, во последно време не се појавува во јавноста.
Последен пат беше виден во јануари годинава, а откако во јули не се појави на прославата на 33 години од освоената титула светски првак, почнаа да се шират гласини дека е тешко болен.
Смртта на неговиот син Стефан во 2015 година и гласините за корупција на Светското првенство во 2006 година го зедоа данокот. Оттогаш и неговото здравје се влоши. Имаше инфаркт на очите, операција на срцето, како и Алцхајмерова болест со поврзана деменција.
Поради неговиот елегантен стил и управување со играта, и доминацијата на теренот, тој важеше за најдобриот германски фудбалер на сите времиња, како и еден од најголемите фудбалери во историјата.