Почина фудбалската икона – Пеле

Трикратниот светски шампион како дел од бразилската фудбалска репрезентација, и еден од најдобрите во историјата на оваа игра Пеле, почина на 82-годишна возраст, објави во четвртокот вечерта неговата ќерка на Instagram .

„Сѐ што имаме е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир”, напиша Кели на Кристина Насименто.

Во септември 2021 година на Пеле му беше дијагностициран тумор на дебелото црево. Во 2022 година двапати беше хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ за активности поврзани со лекување на три малигни тумори (црево, црн дроб и бели дробови) и инфекција на уринарниот тракт. На 30-ти ноември 2022 година Пеле беше итно хоспитализиран со општ едем на телото, вклучително и срцева слабост, како и конфузија. Подоцна беше објавено дека организмот на Пеле престанал да реагира на хемотерапија, поради што му била пружена палијативна нега. Според ќерките на поранешниот фудбалер, Пеле бил хоспитализиран поради инфекција на белите дробови предизвикана од коронавирус.

Пеле (полно име – Едсон Арантес до Насименто) е единствениот фудбалер во историјата кој станал светски шампион трипати како играч (1958, 1962, 1970). Заедно со Нејмар ја споделува титулата најдобар стрелец во историјата на бразилската репрезентација, постигнувајќи 77 гола на 92 натпревари. На клупско ниво, Пеле го претставуваше бразилскиот Сантос 18 години, уште три години играше за американскиот Њујорк Космос, во кој ја заврши кариерата во 1977 година. Пеле е вброен во Гинисовата книга на рекорди за најмногу голови во професионалната кариера – според некои извештаи, Бразилецот постигнал 1.281 погодок.

Првиот натпревар на Пеле на Светските првенства беше натпреварот против  репрезентацијата на поранешниот СССР на шампионатот во Шведска во 1958 година. Бразилците победија со резултат 2:0, а Пеле како 17-годишник впиша асистенција.

На крајот од кариерата Пеле глумеше во бројни филмови и телевизиски серии, организираше добротворни проекти. Во 1994 година стана Амбасадор на добра волја на УНЕСКО, во 1995 година – министер за спорт на Бразил. Во 1997 година ра доби тутилата витез од британската кралица Елизабета Втора.