Легендарниот репрезентативец на Португалија, Еузебио, почина во Лисабон на 71-годишна возраст, соопшти агенцијата Луса.
“Еузебио да Силва Фереира, кој и помогна на Португалија да го освои бронзениот медал на Мундијалот 1966, почина ноќеска”, јави агенцијата.
Познат уште како „Црниот Бисер”, „Црниот Пантер” и „Кралот”, во својата професионална кариера постигна 317 гола во 301 натпревари во дресот на Бенфика, а за Португалија зад себе има 41 погодоци во 64 средби.