Почина фудбалската легенда Петко Петков-Шеки

Од Фудбалскиот клуб Кожуф информираат дека почина Петко Петков-Шеки.

Легендата на гевгелискиот и македонскиот фудбал, роден е во Гевгелија, во 1946 година, а своите први фудбалски чекори ги направи на 16 години во Кожуф.

Во својата 17 годишна кариера освен за својот Кожуф, Шеки настапуваше и за Победа од Прилеп, како и за Борец од Велес.

Во неговата кариера, се му беше подредено на бројот 500, има постигнато над 500 голови, има над 500 асистенции и одиграл над 500 официјални фудбалски натпревари.

Петков фудбалската кариера ја заврши во 1979 година.