Припадникот на холандските специјални сили ранет во саботата утрото во Индијанаполис почина од здобиените повреди, објави во понеделникот Министерството за одбрана на Холандија.
Другите двајца холандски војници ранети во престрелка во центарот на Индијанаполис, во која загина третиот член на нивната единица командоси, наскоро би можеле да се вратат во Холандија, соопшти градската полиција, без да даде нови информации за потрагата по другите инволвирани лица.
26-годишниот припадник на холандскиот корпус командоси почина од повредите „опкружен со семејството и колегите“ по пукањето рано во саботата, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на земјата.
Канцеларијата на судскиот совет од округот Мерион во Индијанаполис ја идентификуваше жртвата како Сими Поетсема, но веднаш не објави никакви дополнителни информации.
Поетсема и двајцата други војници беа застрелани по, како што верува полицијата во Индијанаполис, препирка пред хотелот каде што престојувале околу 3м30 часот наутро во саботата во близина на неколку барови и ноќни клубови во центарот на градот, соопштија властите. Војниците биле во САД на обука во воената база во јужна Индијана.
Американскиот државен секретар Лојд Остин му изразил сочувство на својот холандски колега поради смртта и ранувањето на холандските војници.
Полицијата, сепак, во понеделникот не објави дополнителни информации за околностите на пукањето, ниту на медиумите не им ставила на располагање ниеден полициски функционер за разговор. Нема информации за текот на истрагата, за осомничени или приведени лица.
Во полициското соопштение се наведува дека детективите работат на идентификување на лицата вклучени во пукањето и дека „објавувањето одредени истражни информации може негативно да влијае на врз можноста да се дојде до правдата во овој случај“.
Националната гарда на Индијана соопшти дека војниците тренирале во Центарот за урбана обука Мускататук, комплекс од 405 хектари на околу 110 километри југоисточно од местото на пукање во центарот на Индијанаполис. Гардата во соопштението рече дека центарот се користи за обука од Министерството за одбрана „како и другите сојузници“.