Почина и последната жирафа во скопската ЗОО

Почина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од извори во Зоолошката, два часа траело спасувањето на жирафата Флопи.

Ова е втора трагедија во скопската Зоолошка денеска. Жирафата Флопи почина во ист ден, кога почина нејзиниот ЗОО-негувател, Ристе Трајковски, кој 12 години се грижеше за трите жирафи.

Флопи е трета жирафа која почина во скопската Зоолошка градина. Во мај угина жирафата Каспер, за која Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека имала салмонела.

Оваа информација пред неколку минути на Фејсбук ја потврди и Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше еден од кандидатите за нов директор на ЗОО Скопје.

-Скопје ЗОО остана и без последната жирафа!!! Последната жирафа од Скопската Зоолошка градина починала пред малку од неразјаснети причини!
Данела Арсовска заедно со нејзините таканаречени кадри ги испоумреа сите животни од нашата зоолошка!!! Додека таа и нејзините директори се закануваат со тужби(платени со скапи адвокати од наши пари) кон сите што им ја критикуваат нивната работа …. животните во Скопје ЗОО умираат од месец во месец!!! Што се случува со логорот за животни наречен СКОПЈЕ ЗОО???!!! Повторно ли ќе се заташка истрагата? Повторно ќе ги негираат сите обвинувања? Каде се друшствата за заштита да побараат одговорност?! Каде е Данела Арсовска??? Наскоро со сите детали ….но едно е јасно а тоа е дела ДАНЕЛА Е НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО КОЕ МУ СЕ СЛУЧИЛО НА СКОПЈЕ!!! ОДГОВОРНОСТ !!!! Напиша на Фејсбук, Стефан Кирков.