Деветгодишно девојче им подлегна на повредите здобиени во напад со нож во градот Саутемптон, Англија.
Таа е третата жртва на нападот, кој се случи за време на час по танц во мирниот англиски крајбрежен град во понеделникот околу пладне. Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е третата жртва на напад со нож во Саутемптон. Според полицијата, девојчињата кои во понеделникот ги загубиле животите биле на шест и седум години.
Во нападот се повредени уште осум деца, од кои пет се во критична состојба. За живот се борат и двајца возрасни.
Нападот се случи во понеделникот околу пладне, кога напаѓачот со нож влегол на час по танцување и јога на кој присуствувале околу 25 деца на возраст од шест до 11 години.
Напаѓачот набрзо бил уапсен, а полицијата констатирала дека се работи за 17-годишен малолетник. Кај него е пронајден нож со кој е извршено кривичното дело. Мотивот засега е непознат.