Почина и втората млада лекарка повреденa во сообраќајна несреќа во Сарaeво

Млада лекарка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Сараево на 26-ти мај, во која малд несовесен возач на лице место ја усмрти нејзината пријателка, почина во петокот во сараевскиот Клинички центар.

„Нејзиното прерано и трагично заминување е голема загуба за Здравствениот дом Зеница и за нашите пациенти“, е пораката што ја објави Здравствениот дом Зеница каде 26-годишната Алма Суљиќ била вработена како докторка на педијатриското одделение.

Таа се здобила со повреди опасни по живот кога заедно со нејзината пријателка 25-годишната Азра Спахиќ и уште една девојка беа прегазени од автомобил со голема брзина управуван од млад човек кој подоцна беше идентификуван како извесен Армин Берберовиќ.

Спахиќ, исто така лекарка кој работела во еден од здравствените центри во Сараево, починал на самото место на ударот.

Несреќата се случи во центарот на градот, а истрагата утврдила дека Берберовиќ возел со голема брзина и притоа изгубил контрола над возилото и излетал на тротоарот каде во тој момент се наоѓале трите девојки.

Берберовиќ е уапсен и сега е во притвор во очекување на обвинение и судење, а во изјавата во полиција ја призна вината за несреќата.

Настанот предизвика масовни протести во Сараево каде граѓаните побараа дополнителни безбедносни мерки за да се спречи брзо возење и трки со акробации. Од тогаш сообраќајната полиција во Сараево го засили следењето на патиштата во градското подрачје, особено на брзината на возилата.