На 92 годишна возраст денеска почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување.
Илија Андонов Ченто беше градежен инжинер по професија и е запаметен по изградбата на браната Калиманци. Тој беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Во 1990 година, на барање на Илија Андонов-Ченто, беше обновен судскиот процес против неговиот татко Методија Андонов Ченто и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.
Беше голем патриот и борец за независна и самостојна Македонија.
Посмртните останки на Илија Андонов Ченто утре во 14 часот ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, а погребот ќе се изврши во 15 часот.