Почина италијанската музичка икона Рафаела Кара

Легендарната италијанска уметничка Рафаела Кара почина вчера на 78-годишна возраст, објави нејзиното семејство.

Пејачката, актерка, танчарка и ТВ-презентерка, која глумеше со Френк Синатра во филмот „Експрес полковник Вон Рајан“ од 1965 година, била болна веќе извесно време, јави Анса.
Истата година, Кара глумела во музичката комедија „Скарамуш“. Во 1960-тите, таа се појавила во телевизиски емисии како „Темпо ди Данза“, „Ил Паролиер“ и „Квесто Сконошуто“.

Нејзиниот сопруг, кореограф и режисер Серхио Ијапино, рече дека нејзиниот талент ќе блеска засекогаш.

https://www.youtube.com/watch?v=mb5_5oErVi8&t=35s