Италијанскиот режисер и сценарист Паоло Тавијани почина на 93-годишна возраст во Рим по кратко боледување.
Паоло Тавијани со години соработуваше со својот брат Виторио, кој почина во 2018 година на 88-годишна возраст, а заедно режираа бројни филмови кои освоија награди на филмските фестивали. Меѓу нив се „Јас сум Бог Отецот“ (Padre padrone), награден со Златна палма на фестивалот во Кан во 1977 година, „Ноќ на Свети Лоренцо“ (La notte di San Lorenzo, 1982) и „Цезар мора да умре“ ( Cesare deve morire, 2011), награден со Златна мечка на Берлиналето.
За филмот „Воскресение“ ја добија главната награда на Московскиот меѓународен филмски фестивал во 2002 година, а Тавијани доби десет награди од Италијанската филмска академија.