Почина контроверзниот француски претприемач Барнар Тапи

Контроверзниот француски претпримач Бернар Тапи кого парискиот весник Le Figaro го опишува како „човекот со илјада лица“ почина на 78-годипна возраст објави во неделата неговото семејство

Бернар Тапи беше поранешен пратеники во Европскиот парламент, како и француски пратеник. Во 1992 година беше именуван за министер за урбанизам во владата премиерот Пјер Хереговуа. Од 1986 до 1994 година беше претседател на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, а од 1990 до 1993 година ја поседуваше компанијата за производство на спортска опрема „Adidas“.

Бизнисменот Бернар Тапи, исто така, учествуваше во францускиот политички живот како последователен генерален советник на Буш-ду-Рон, европратеник, француски пратеник и министер за градот во 1990-тим.

Како претседател на Олимпик Марсеј е единствениот кој досега успеа да ја донесе европската фудбалска клупска шампионска титула во Франција.

Невообичаен лик во секоја смисла на зборот, обожаван или омразен, кој го одбележа своето време со ексцентричностите на неговата професионална кариера, но и со неговата исклучителна храброст пред болеста што го мачеше неколку години.

Бизнисменот боледуваше од рак од 2017 година и неговата состојба се влоши во последно време. Почина само неколку дена пред да се донесе одлука за спорниот арбитражен случај во 2008 година.

„Мислам прво на семејството на Бернард Тапи, нивната болка и тага“, рече премиерот Жан Кастекс на маргините на кампусот на претседателското мнозинство во Авињон.

„Првата слика што ја паметам за Бернард Тапи е за борецот, човек со идеи и убедување против Националниот фронт, за каузи, неговите луѓе, неговиот град, компанијата. Тој даде се. Го видовме како се бори одлучно против болеста. Се поклонувам“, додаде тој.

Шефот на пратениците на LREM, Кристоф Кастане рече дека објавата за смртта на Бернард Тапи е голема тага.

„Го придружував доста често, ја почитувам неговата приказна, неговата темна страна, неговата светла страна. Знаеме што донесе. Мислам на оние на кои им се допадна борецот“, рече Кастане.

На поранешниот извршен директор на „Adidadas“ сѐ уште му се судеше. Соочен со влошување на неговата здравствена состојба, неговата одбрана побара одложување на жалбената постапка во спорниот арбитражен случај што требаше да стави крај на неговиот спор со „Crédit Lyonnais“ за продажбата на спортскиот концерн.

Барањето е одбиено од Апелацискиот суд во Париз „со образложение дека ова упатување ќе биде спротивно на почитувањето на разумното време на кое имаат право обвинетите“.

Во овој случај, поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј беше осомничен дека, со соучесници „наместил“ приватна арбитража донесена во 2008 година, која требаше да го реши неговиот спор со „Crédit Lyonnais“. Оваа арбитража заклучи дека поранешната јавна банка е „виновна“ и му додели на претприемачот 403 милиони евра.