Почина Криштоф Даум – еден од најпознатите германски фудбалски тренери

На 70 годишна возраст почина Криштоф Даум, еден од најпознатите германски фудбалски тренери. Веќе неколку години беше болен од карцином од кој не можеше да се опорави и на крајот заврши трагично.

Низ својата кариера водеше многу клубови од Германија и од Турција. Тренерската кариера ја почна во Келн, онаму каде што ја заврши играчката, а потоа беше и во Штутгарт, Бешикташ, Баер Леверкузен, Австрија Виена, Фенербахче, па повоторно во Келн, па одново во Фенербахче, кратко беше тренер и во Ајнтрахт Франкфурт.

Го презере Клуб Бриж во 2011, па се врати во Турција во Бурсаспор, за во 2016 се проба и во селекторските води, водејќи ја селекцијата на Романија.

Со Штутгарт направи вистинска сензација кога ја освои титулата во сезоната 1991/92, а со БаерЛеверкузен трипати беше вицепрвак. Ја освои и Супер Лигата на Турција и со Фенербахче и со Бешикташ, беше првак и со Австрија Виена во Австрија.