Почина Кристин Мекви од бендот „Fleetwood Mac“

Кристин Мекви, пејачка и текстописец на групата „Fleetwood Mac“, почина денеска на 79-годишна возраст, во болница, соопштија членовите на нејзиното семејство.

Таа ги напиша некои од најпознатите песни на групата, вклучувајќи ги хитовите Little Lies, Everywhere, Don’t Stop, Say You Love Me и Songbird.

Во групата „Fleetwood Mac“ беше околу 28 години, со прекини.

Во соопштението на членовите на семејството се вели: „Би сакале сите да ја чуваат Кристин во своите срца и да се сеќаваат на животот на неверојатно човечко суштество и почитуван музичар кој беше универзално сакан“.

Британско-американскиот рок бенд, основан во Лондон во 1967 година, продаде повеќе од 100 милиони плочи ширум светот, што ги прави една од најуспешните групи досега.

Бендот ѝ оддаде почит на кантавторката Мекви во изјава вечерва, по веста за нејзината смрт.
„Нема зборови да се опише нашата тага за смртта на Кристин Мекви. Таа беше навистина единствена, посебна и талентирана неизмерно. Таа беше најдобриот музичар што некој може да го има во својот бенд и најдобриот пријател што некој може да го има во својот живот. Имавме многу среќа што живеевме со неа. Поединечно и заедно, длабоко ја почитуваме и сакаме Кристин и сме благодарни за прекрасните спомени што ги имаме. Ќе ни недостига многу“.