Еден од најзнаменитите претставници на францускиот „нов бран“, филмскиот режисер Жан-Лук Годар почина на 92-годишна возраст, објави во вторникот парискиот дневен весник Libération.
Годар се прослави со филмот „До последен здив“, кој беше дебитантско остварување на актерот Жан-Пол Белмондо. Режисерот, кој имаше и француско и швајцарско државјанство, потоа сними неколку филмови кои стана појдовна точка за многу креативни потраги на новата генерација режисери.
Засега нема поединости за околностите на смртта на режисерот.
Девет филмови на Годар беа избрани во официјалната програма на Меѓународен филмски фестивал во Кан, а шест негови остварувања беа вброени во програмите на фестивалот во Венеција.
Неговото наследство вклучува филмови како „Презир“ (1963) со Брижит Бардо и Мишел Пиколи, „Машко-женско“ (1966) со Жан-Пјер Лео и Марлен Жобер, „Алфавил“ (1965) со Ана Карина и Еди Константин. Филмот „До последен здив“ го гледале повеќе од 2 милиони гледачи, додека „Презир“ и „Луд Пјеро“ по околу 1,5 милиони.