Почина култниот камерман и снимател Ѓоко Поповски – Гањо

На 88 годишна возраст, ненадејно почина култниот камерман и снимател Ѓоко Поповски Гањо.

Неговите снимки и забележани моменти изминативе шеесетина години ги збогатуваат архивите на неколку телевизии. Работниот век го почнал во некогашната Радио телевизија Скопје и е снимателот кој прв го снимал земјотресот од 1963 година.

Беше еден од еснафите кој го снимал Тито. Секогаш со ведар и насмеан дух кој воопшто не попушташе под тежината на камерата ревносно забележувајќи го секој момент на настаните од политички, економски ,културен или било кој аспект. Важеше за голем професионалец, колега, другар кој научил многу свои помлади колеги на занаетот со камера. Вистинска легенда ќе речат луѓето што имале шанса да работат со нашиот Гањо. Почивај во мир Ѓоко Поповски.