Почина легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски, основачот на „Златен гонг“

Почина легендарниот Живко Дуковски, кој ќе остане запаметен како основач на „Златниот гонг“ и тренер кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваа медали на Европските и Светските првенства, но и на Олимпијадите, објави Ипон.мк.

Дуковски на само 19 години ги изненади сите на Државното првенство на Југославија кога стигна до финалето, каде што беше поразен од Миодраг Љубомировиќ, но ќе остане запаметен по освојувањето на првиот боксерски медал за Македонија во 1957 година.