Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ

Ненадејно почина мајката на осомничениот за убистото на двегодишната Данка Илиќ во Злот кај Бор, Србија, пренесуваат српските медиуми.

Во соседството ненадејно починала мајката на осомничениот Д.Д., кој се товари за тешкото убиство на Данка Илиќ.

С.Д од апсењето на нејзиниот син Д.Д., а подоцна и помладиот Д.Д. и сопругот Р.Д. остана сама во куќата во Злот.

Таа не сакаше да сведочи против нејзиниот син и се повика на нејзиното право да добие статус на привилегиран сведок.