Почина маж во затвор откако му се слошило

Денеска (21.05.2024) во 02:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Тој претходно бил донесен со влошена здравствена состојба.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.