Почина познатиот македонски актер Мето Јовановски. Тажната вест за наговата смрт, ја пренесе актерот Драган Спасовски Дац на социјалните мрежи.
Мето Јовановски е роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Со своите филмски улоги во„Среќна Нова 49-та“, „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“ и уште шеесетина други остварувања, тој остави траен белег во македонската кинематографија.
Јовановски е еден од најнаградуваните македонски актери.
Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“;
Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;
Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“
Награда на градот Скопје „13 Ноември“
Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980)
Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);
Државна награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“
Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;
Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)
Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“
Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш;
Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања
Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност
Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки, во режија на Паоло Маџели, работена во Црногорско народно позориште;
Награда 11 октомври за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година
Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008
Мето Јовановски е почесен член на Црногорско народно позориште;
Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ – 2008, за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза, или која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, Драмски театар.
Награда „Петре Прличко“ – 2010
Награда Св “Јоаким Осоговски” – 2013
Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015
Награда “Омаж” 2019
Награда Киненова за особен придонес во филмската уметност 2021
Награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир “Златен чадор” 2022
Награда на фестивалот “Јоаким Фест” за претставата “My name is Goran Stefanovski” 2022.