Почина Милутин Мркоњиќ, партнерот на Ана Бекута

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ (79) почина денеска во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

Мркоњиќ беше во оваа здравствена установа од почетокот на ноември кога беше поставен пејсмејкер.

Да потсетиме, тој на почетокот на месецот заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што беше поставен пејсмејкер. Во август ги оперирал срцевите залистоци, со нова метода, преку препоните.

Тој беше долгогодишен партнер на фолк пејачката Ана Бекута.

Бекута беше со него до последен момент и секој ден го посетуваше на клиниката. Тие двајца беа заедно 10 години.

Претходно, Мркоњиќ беше во брак со сопругата Драгана од која официјално никогаш не се разведе.