Почина младиот еквадорски фудбалскиот репрезентативец Ангуло

По повеќе од еден месец борба за живот како последица на сообраќајна несреќа, почина 22-годишниот еквадорски фудбалер Марко Ангуло.

На почетокот од октомври Ангуло доживеа сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а фудбалерот оттогаш се бореше за животот. Целиот период го мина на одделот за интензивна нега, лекарите направија неколку операции, се обидоа да му го спасат животот но на крајот фудбалерот ја загуби таа битка.

Покрај во татковината, Ангуло во својата кратка кариера го носеше и дресот на МЛС тимот од Синсинати каде настапуваше во 2023 и 2024 година. За него се зборуваше како еден од најголемите таленти во еквадорскиот фудбал, играше како дефанзивен играч за врска и забележа три настапа за еквадорската репрезентација.