Почина мотоциклист по судар со „ауди“

На локалниот пат село Палатица –  Желино синоќа во 23 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од село Палатица тетовско.

– По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, информира МВР.