По само три месеци од смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, синоќа почина и неговиот син, Илми Мустафов.
Познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов беше и член на групата „Огнени момчиња“. Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, а дел со неговиот познат татко Ферус Мустафов.
Неговиот син Ферчо соопшти дека Илми ќе биде погребан утре од 13 часот на гробиштата во Камник.
Преку социјалните медиуми од него се простуваат многу музичари и негови блиски луѓе.