Почина најстарата театарска актерка на светот

Бугарката Стојанка Мутафова, една од најстарите актвивни театарски на светот, почина на возраст од 97 години.

Препознатлива како „Кралицата на бугарската комедија“, Мутафова започнала да настапува уште во 1945 година, кога го толкувала ликот на Слугинката во „Итроштините на Скапен“ од Молиер.

Во татковината стана популарна по настапите во неколку телевизиски комедии и забавни емисии.

Во 94 година од животот беше со театарот на северноамериканска и европска турнеја. На театарската сцена настапуваше сѐ до пред некој месец.

„Замина многи мила и добра личност. Секогаш ќе биде еден од симболите на бугарскиот театар“, изјави во петокот бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Мутафовиа, за која се верува дека по смртта на рускиот актер Владимир Зелдин кој почина во 2016 година во 101-та година од животот, беше најстарата активна театарска актерка, пред две години во разговор за агенцијата Reuters рече дека никогаш не пожалила за одлуката за изборот на професијата.

„Повторно да имам дваесет, повторно би била актерката“, рече Мутафова во споменатото интервју.