Почина најстариот Јапонец и најстариот маж на светот

Најстариот Јапонец, кој беше признат и како најстар маж на светот, почина на возраст од 112 години, пренесоа во вторникот локалните медиуми.

Читетси Ватанабе, жител на градот Џоецу во префектурата Нигата, починал во неделата, пренесе јапонската службена новинска агенција Kyodo.

Роден на 5-ти марти 1907 година, Ватанабе живееше во дом за стари лица. Гинисовиот светски рекорд на 12-ти февруари го призна како најстариот маж на светот.

Откако завршил земјоделско училиште, Ватанабе се преселил на Тајван каде што работел во јапонска компанија за производство на шеќер. Потоа служел во јапонската армија во текот на Втората светска војна.

Потоа се вратил во родниот град Ниигата, и работел како службеник до пензионирањето. Имаше пет деца, 12 внуци, 16 правници и еден пра-правник.

Најстарата личноста на светот, Кане Танака, исто така живее во Јапонија. Својот 117-ти роденден го прослави во јануари.