![sem dzons](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/sem-dzons.jpg?resize=664%2C373&ssl=1)
Легендарниот кошаркар на Бостон Селтикс, Сем Џонс, почина на 88-годишна возраст, објавуваат американските медиуми.
Џонс сите дванаесет години од кариерата ги мина токму во редовите на Селтикси, со кои освои десет титули, а имаше просек од 17,7 поени, 4,9 скока и 2,5 асистенции.
„Кога ќе се погледне сè што постигна, очигледно е дека тоа е голема загуба за оваа заедница“, изјави тренерот на Селтикс, Име Удока.
Дресот со број 24 на Џонс е повлечен и го ја краси „Т-Ди Гарден“ арената. Џонс покрај десетте титули, во својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар натпреварот.