![Marquez](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/Marquez.jpg?resize=400%2C288&ssl=1)
Колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес, добитник на Нобеловата награда за книжевност, почина синоќа на 88-годишна возраст.
Писател, новинар, издавач и политички активист, Маркес е роден на 6 март 1927 година во колумбиското место Аркатака.
Маркес е првиот Колумбиец, на кому му припадна Нобеловата награда за литература во 1982 година, и четврти нобеловец од Латинска Америка.
Маркес се смета за најпознат писател на магичниот реализам, во кој се преплетуваат митови и магија со реалноста на секојдневната егзистенција.
Со своите романи и работа на филм како сценарист, најмногу придонесе латиноамериканската литература да дојде во центарот на вниманието на светската културна јавност.
Неговиот најпознат роман „Сто години самотија“, кој е продаден во над 30 милиони примероци, е инспириран од родниот град на Маркес, кој го нарече Макондо.
Делото е преведено на десетина странски јазици, освои повеќе награди.
Следат романите меѓу кои најпознатите се „Есен на патријархот“ (1975), „Хроника на најавената смрт“ (1981), „Љубов во време на колера“ (1985), „Сеќавање на моите тажни курви“ (2004).