Почина Ѓорѓи Кузмановски, еден од најпознатите спортски работници во Македонија

Претседателот на Сојузот на спортови на град Скопје и освовач на триатлон федерацијата и на скопскиот маратон, Ѓорги Кузмановски денеска ненадејно почина на 81 годишна возраст.

Кузмановски целиот свој живот му го посвети на спортот, се бореше за достоинството на спортистите и спортските работници, беше активен спортист, а и во пензионерските денови не се одделуваше од велосипедот.

Основач е на триатлон федерацијата и на скопскиот маратон, а беше долгогодишен прв човек на сојузот на спортови на Скопје. Утре во 13 часот во конференциската сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи комеморативна седница, а погребот на еден од најголемите спортски работници во Македонија ќе биде во среда во 12 часот.