Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска

Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“.

Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.

Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач.

Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август.

Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.