
По компликации од коронавирус, во Гевгелија почина познатиот музичар, пејач Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија.
Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.
Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.
Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.