МВР информира дека доцна синоќа во 23.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од Штип, удрило во пешакот И.К.(60) од с. Три Чешми.
Од здобиените повреди, И.К. починал на местото на настанот.